Џеко го одбил Хајдук, сака да остане во Фенербахче!

Един Џеко ја одбил понудата на Хајдук, ќе остане во Фенербахче освен ако не стигне некоја неверојатна понуда, пишуваат турските медиуми.

Спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ го контактирал Џеко и се обидел да го донесе во Сплит.

Причината е платата која ја добива Џеко во Фенербахче, а таа изнесува 4,2 милиони евра годишно, сума која не може да си ја дозволи хрватскиот клуб.

Босанскиот напаѓач не ја исклучил можноста следното лето да дојде во Хајдук и во овој клуб да ја заврши кариерата.