Хаос во Шпанија: Капитенот збесна пред полуфиналето на ЕП!

Капитенот на шпанската репрезентација, Алваро Мората не е задоволен и ќе го напушти националниот тим поради критиките во јавноста, а оваа изјава доаѓа пред полуфиналниот меч против Франција на Европското првенство (ЕП).

Мората кажа дека му е тешко да гледа како неговите роднини читаат и слушаат критики на негова сметка, иако не ги заслужил, па поради тоа најверојатно ќе се повлече од репрезентацијата на крајот на турнирот.

„Тешко е во Шпанија да бидеш среќен. Без сомнеж сум посреќен кога играм во странство, а тоа се случи неколку пати досега. Пред сè таму ме почитуваат за разлика од дома. Луѓето зборуваат глупости. Тие ме обвинуваа дека сум плачел зашто ми бил покажан жолт картон. Каква е таа глупост. Плачев за својата татковина, затоа што сум капитен, а мојот тим се пласира во полуфинале“, кажа Мората.

Шпанскиот напаѓач досега одигра 78 натпревари за „црвената фурија“, а притоа постигна 36 голови.