Тиквеш се засили со искусен голман од Србија

Македонскиот ракометен суперлигаш Тиквеш ангажира големо засилување за следната сезона, а тоа е голманот Игор Арсиќ од Србија.

Арсиќ го напушти АЕК Атина и реши да се пресели во Македонија, каде што претходно играше за Пелистер, додека во Србија го носеше дресот на Раднички и Партизан.

Тиквеш досега се засили со Данило Осадчиј, Кофилоски и Димовски.