Успешна проверка пред Вимблдон: Ѓоковиќ го победи Медведев
Првиот сет Ѓоковиќ го освои благодарение на брејкот во четвртиот гем. Играше одлично српскиот ас во тој дел од мечот и Медведев немаше одговор за неговите удари од основната линија.
Во вториот сет Русинот заигра подобро и направи брејк во четвртиот гем, но веднаш во наредниот Ѓоковиќ го врати.
Нов брејк Новак направи во деветтиот гем и на крај на свој сервис дојде до победата.
Вимблдон ќе се игра од 1. до 14. јули, а противник на Новак ќе биде Чехот, Вит Коприва.