Јувентус го договори братот на напаѓачот на Интер

Кефрен Турам од редовите на Ница ќе биде ново засилување за Јувентус, трансферот е договорен и ќе биде комплетиран во наредните денови.

Станува збор за фудбалер кој е син на легендарниот Лилијан и брат на напаѓачот на Интер, Маркус.  Јувентус подолго време преговараше со францускиот клуб, а на крајот постигнат е договор за сума од 20 милиони евра, плус пет кои ќе бидат исплатени преку бонуси.

Договорени се и личните услови на Турам кој ќе заработува 2.5 милион иевра по сезона за договор до 2029 година.

Пред неколку дена Јувентус го потврди ангажманот на Даглас Луиз, а следна цел е фудбалерот на Аталанта, Тун Копмајнерс.