Ферстапен прв ќе стартува на спринт трката во Австрија
Холанѓанецот до полшозицијата стигна со време 1:04.686. На второто и третото место се пласираше тандемот од Мекларен. Втор беше Ландо Норис со 0.093 секунди заостанување, а трет Оскар Пјасстри со 0.301 секунди заостанување зад Ферстапен.
Како четврти заврши Џорџ Расел од Мерцедес, а петти возачот на Ферари, Карлос Саинц. Помеѓу првите 10 се уште Луис Хамилтон (Мерцедес), Серхио Перез (Ред Бул), Естебан Окон (Алпин), Пјер Гасли (Алпин) и Шарл Леклер (Ферари).