Ристовска и Младеновска ќе се соочат во групната фаза на ЛШ (ФОТО)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на ждрепка ги одреди групите во Лигата на шампиони (ЛШ) за жени, каде што Македонија ќе има две претставнички.

Сара Ристовска заедно со Рапид Букурешт и Ива Младеновска со Брест ќе настапат во елитното натпреварување, а на ждрепката се паднаа во групата Б.

Групата А е составена од Ференцварош, Мец, ЦСМ Букурешт, Крим, Стормхамар, Никобинг, Подравка и Глорија.

Групата Б е составена од Вајперс, Есбјерг, Будуќност, Лудигсбург, Ѓер, Брест, Рапид Букурешт и Оденсе.

Сезоната во ЛШ за жени ќе почне во септември оваа година, а титулата ја брани Ѓер.