„Министерот за одбрана“ ќе биде втор министер за спорт во историјата на Македонија!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нов премиер на Владата, Христијан Мицкоски помеѓу останатите министри го потврди и министерството за спорт најавувајќи и дека Борко Ристовски, кој во играчките денови го имаше прекарот „Министер за одбрана“, ќе застане на чело на ова ново министерство.
„ Борко Ристовски ќе биде на чело во новото Министерство за спорт“, потврди Мицкоски.
Досега во Македонија функционираше Агенцијата за Млади и Спорт, останува да видиме какви промени ќе донесе новиот систем предводен од поранешниот голман на македонската репрезентација. Ристовски во овој момент извршува и функција во раководството на РК Вардар. Претходно, единствен министер за спорт беше Георги Боев, кој беше дел од владиниот кабинет на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски формиран во 1998 година.