Букса ја израдува Полска, Гакпо го врати мечот од почеток! (ВИДЕО)
Холандија тргна офанзивно од првата минута, но Полјаците први се израдуваа на погодок. Букса во 15. минута погоди со глава за водство на Полска од 1-0.
По примениот гол Холанѓаните уште толку додадоа на офанзива, се редеа шанси за гол, Гакпо конечно искористи една и го изедначи резултатот на 1-1.