Урнебес: На Италијанците не им се веруваше - Албанците за да ги провоцираат кршеа шпагети (ВИДЕО)
Навивачките групи на двете репрезентации се провоцираа меѓу себе, сето тоа на достоинствен начин, но еден момент ќе остане во сеќавање. Со цел да ги испровоцираат, Албанците зедоа снопче шпагети и го скршија пред италијанските фанови. Притоа, групата албански фанови со огромно огромно задоволство го поздравува потегот на својот член.
На Италијанците не им се веруваше што гледаат и до каде оди „креативноста“ на албанските љубители на фудбалот.