Јужна распродадена, останато е нешто „ситно“ за запад

Данскиот првак Копенхаген ќе го дочека пеколна атмосфера на Националната Арена „Филип Втори“, откако на четири часа до почетокот на мечот, распродадена е целата јужна трибина, а останато е нешто ситно од влезници за блоковите на западната трибина.

Уште еднаш се покажа дека скопската публика чека до последен момент за да ги купи сите влезници за дуелот на Вардар и Копенхаген во првиот меч од третото квалифиакциско коло во Лигата на шампионите, па денеска успеаја да се продадат сите влезници, откако и последниот шести блок беше пуштен во продажба.

Арената ќе биде преполна на трибините на кои УЕФА дозволи да се пуштат гледачи, па поради Суперкупот, бројот на присутни беше ограничен на една третина од целиот капацитет на стадионот. Поради мегаспектаклот на 8 август, УЕФА дозволи Вардар да игра во Скопје, а во продажба беа пуштени околу 12.000 столчиња.

Вардар денеска ќе атакува на победа со која би направи чекор поблиску до историја и преку Копенхаген да стане прв макеоднски клуб што ќе игра групна фаза во европските натпреварувања, а патем и да се збогати со милиони евра. Прескокнување на Копенхаген ќе значи дека Вардар сигурноќе игра најмалку во групната фаза во Лига Европа, а ќе има шанса да се бори и за настап во елитната Лига на шампиони.