Празник за очи: Танцот на Ненад Димитријевиќ против ЦСКА... (ВИДЕО)
Македонскиот репрезентативец е во фантастична форма, убедливо најдобра во кариерата, подобра дури и од ланското финале во ВТБ лигата кога исто така беше прогласен за МВП и го одведе Уникс до титулата.
Денеска Димитријевиќ го растури осумкратниот европски шампион, постигнувајќи 40 поени во клучниот меч за првото место по основниот дел и оствари индекс 52 што се негови лични рекорди, но оствари уште неколку големи достигнувања. Првпат погоди седум тројки и го забележа вториот најефикасен меч сезонава во ВТБ лигата (рекордот на ова натпреварување во актуелната натпреварувачка кампања изнесува 42).