Ѓоковиќ, неочекувано, својот живот би го ставил во рацете на – Надал (ВИДЕО)
Србинот беше еден од тенисерите кои учествуваа во интересно видео, каде што сите одговараа на прашањето: Кој играч би го избрал да го освои сетот за да ти го спаси животот? Новак повеќе од интересно одговори на ова прашање.
„Го бирам Рафаел Над ал на земјена подлога“, како „од топ“ испука популарниот Ноле.
Покрај Ѓоковиќ во оваа анкета интересни одговори дадоа тенисери како Доминик Тим, Феликс Оже-Алијасим, Борна Чориќ, Григор Димитров, Алекс де Минор...