
Крос: Голот на Вирц беше планиран!
Германија синоќа со 2-0 ја победи Франција, а почетокот на мечот беше шокантен. Крос изведе од центарот, а Вирц со топовски удар од далечина постигна гол.
Крос вели дека погодокот не бил случаен, туку акцијата била планирана.
„Дали голот на Флоријан Вирц беше планиран? Па тренерите имаа доволно време, околу четири месеци да го смислат. Може да се каже дека беше планирано“, откри Крос.