Брера отвори фан шоп, Горан Пандев ги пречека посетителите! (ФОТО)
Струмичкиот клуб денеска свечено го отвори својот фан шоп кој е лоциран на плоштадот во строгиот центар на Струмица.
„Во присуство на голем број граѓани, љубители на фудбалот, наши симпатизери и навивачи го отворивме првиот фан шоп каде може секој посетител да набави брендирани дресови, јакни, маици, шалови, привезоци, шолји, пенкала како и други предмети со логото на Брера“, стои во клупското соопштение.
На отварањето беше присутен Горан Пандев кој се сликаше и делеша автограми.
„Луѓето од управата се амбициозни, сакаат да направат едно поврзување со заедницата. Еве отвораме фан шоп и ова треба да биде поттик не само за нашиот туку и за останатите клубови во земјава бидејќи во европскиот свет ова е секојдневие. Тука сите љубители на фудбалот, навивачи на ФК брера ќе можат да си купат нешто од нашиот клуб и се надеваме на добри резултати бидејќи без добри резултати ќе нема мотивација и кај навивачите“, рече Пандев.