
Фулам го елиминира Ротерам, Вулвс ремизира против Брентфорд
Боби Де Кордова-Рид беше стрелец на единствениот гол против Ротерам, а тоа му беше доволно на Фулам да обезбеди место во следното коло.
Брентфорд го контролираше мечот против Вулвс, кој остана со играч помалку уште во деветтата минута по црвениот картон на Гомеш.
Водство на домаќините им донесе Мопај во 41. минута од натпреварот, додека на 1-1 израмниа Дојл во вториот дел.