Луис Енрике брутално го понижи својот фудбалер кој ПСЖ го купи за 60 милиони евра!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике на шега го понижи Мануел Угарте, за кого беа платени 60 милиони евра изминатово лето.

Луис Енрике синоќа го освои првиот трофеј на кормилото на ПСЖ откако „светците“ со 2-0 го совладаа Тулуз во Суперкупот на Франција.

По крајот на натпреварот, иронично го понижи летното засилување Мануел Угарте, за кого беа платени 60 милиони евра. Уругваецот не се најде во стартниот состав и целиот меч го преседе на клупата.

„Угарте? Денеска беше прекрасен! Ниту една загубена топка, ниту една грешка, перфектен!“, рече иронично предводникот на ПСЖ.