Адејеми има големо срце - обезбеди вода за пиење за 20.000 луѓе!

Голем број фудбалери од Бундеслигата заминаа на зимски одмор поради паузата во првенството, но нивниот пат не го следеше Карим Адејеми кој во моментов е во Нигерија каде што им помага на жителите.

Адејеми во октомври заедно со Вилфред Ндиди донира две станбени згради во Лагос, Нигерија, а сега реши да обезбеди вода за пиење за дури 20.000 луѓе.

Младата ѕвезда на Дортмунд не планира тука да застане со неговата хуманитарна работа и најави дека ќе продолжи да им помага на најзагрозените и во следниот период.