Ралф Шумахер: Животот не е фер, ми недостига стариот Михаел!

Во петок ќе навршат 10 години од тешката несреќа на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер по која никогаш повеќе нема да се појави во јавност.

Германецот падна на скијање на француските Алпи и се здоби со тешки повреди на главата, по удар во камен.

Неговата рехабилитација трае со години, но малку податоци се познати во јавност за неговата здравствена состојба, па неодамна се јави неговиот брат Ралф кој потврди дека повеќе ништо не е исто.

„Ми недостига стариот Михаел. Животот понекогаш не е фер. Михаел имаше многу среќа, а на крајот се случи таа страшна несреќа. Тоа што му се случи на мојот брат, влијаеше премногу и на мене“, кажа Ралф.