Адеми постави рекорд со Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми денеска настапи од првата минута за Динамо Загреб во хрватското дерби против Хајдук Сплит и испиша историја.

Хрватскиот шампион објави дека капитенот Адеми со овој настап станал рекордер по број на настапи во дербијата меѓу Динамо и Хајдук.

Ова за македонскиот фудбалер е дури 37. настап во вечното хрватско дерби и така го надмина претходниот рекордер Дражен Ладиќ.