
Јокиќ промаши 23 шута, а сепак оствари трипл-дабл
Денвер Нагетс загуби на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 102-111, пред се поради тоа што српскиот ас не можеше да погоди речиси ништо. Од игра реализира само девет од вкупно 32 шута што е негов најлош ефект во НБА кариерата.
И покрај тоа, го оствари 114. трипл-дабл во својата кариера, постигнувајќи 22 поена, 15 скока и 10 асистенции. Џамал Мареј беше најефикасен во тимот на Денвер со 23 поени, но и тој не помогна многу при конечниот исход.
Клиперс имаа повеќе расположени кошаркари, Пол Џорџ постигна 25 поени, а Џејмс Харден заврши со дабл-дабл од 20 поени и 11 асистенции.