
Македонските фудбалерки прокоцкаа водство од два гола против Бугарија
Гентијана Рочи беше стрелец на првиот гол за Македонија во 11. минута од натпреварот, а составот на Кирил Изов стигна и до втор гол преку Узла Максути во 62. минута, меѓутоа по црвениот картон на Сара Коларовска почнаа проблемите за нашата репрезентација.
Бугарија се врати во игра со погодокот на Леонора Желева во 85. минута, а дури во петтата минута од судиското надополнување Лора Петрова ги постави конечните 2-2.
Македонија ја заврши групната фаза со еден освоен бод на последната позиција, втора беше Бугарија со пет, додека Косово го освои првото место со 10 бодови.