Баерн Минхен руши рекорд за ѕвезда од Бундеслигата

Германскиот шампион Баерн Минхен сака да го купи Флоријан Вирц, кој во моментов игра за Баер Леверкузен, но за реализација на трансферот ќе бидат потребни околу 130 милиони евра.

Новинарот Флоријан Плетенбург објави дека еден од најголемите таленти, за кој е заинтересирана и Барселона, би можел да потпише за гигантот од Минхен, но за тоа Баерн ќе мора да се потруди идното лето и да постигне договор со нивниот ривал.

Баерн најверојатно ќе мора да го урне сопствениот рекорд за трансфери, кој изнесува околу 115 милиони евра со бонуси за Хари Кејн зашто „фармацевтите“ за Вирц бараат околу 130 милиони евра.

Вирц оваа сезона игра одлично во дресот на Баер и досега настапи на 18 меча, а притоа постигна шест и асистираше за 10 голови.