Карагер „плачеше“ за пеналот на Македонија, па доби одговор од Миовски (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Англија во последното квалификациско коло за Европското првенство (ЕП), а легендата на Ливерпул, Џејми Карагер ги критикуваше судиите и нивната одлука да досудат пенал за домашната репрезентација.

Карагер беше убеден дека Македонија добила бизарен пенал, а по натпреварот доби краток одговор на „Икс“ од македонскиот напаѓач Бојан Миовски.

„Бла, бла, блааа“, напиша Миовски под објавата на Карагер.