
Пелистер го победи ТФТ во драматичен финиш во АБА 2
Двата македонски тима одиграа изедначен меч, Пелистер и ТФТ имаа свои моменти, се менуваа во водството, а финишот им припадна на битолчани.
ТФТ имаше предност од 77-74, од тој момент до крајот успеаа да постигнат само два поени, за разлика од Пелистер кој даде девет и го доби мечот со 83-79.
Најдобар во составот на Пелистер беше Планиниќ со 23 поени, Мијовиќ постигна 16, кај ТФТ најефикасен беше Ташовски со 21 поен, Верц постигна 14.