
Петрушев има „страшно“ НБА деби – смени повеќе тимови од што постигна поени!
Тој летово потпиша за Филаделфија севентисиксерс, за која одигра само три минути пред да биде трејдуван во ЛА Клиперс, кои веднаш го препратија во Сакраменто кинг, од каде што, пак, доби прекоманда во развојната Џи-лига да игра за Стоктон кингс.
Иако беше прекомандуван во Стоктон кингс, сепак Сакраменто во меѓувреме реши повторно да го врати српскиот репрезентативец во свои редови.
OFFICIAL:@SacramentoKings
— James Ham (@James_HamNBA) November 8, 2023
recall Filip Petrušev from the@StocktonKings
Петрушев зад себе има три години професионална кошарка во кои играше за Мега, Анадолу Ефес и Црвена звезда. Тој беше избран на драфтот во НБА во 2021 година како 50. пик по две години студирање на Универзитетот Гонзага.
Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 10,7 поени и 5,2 скока за 23 минути на теренот.