Хет-трик на Нкетиа: Арсенал со „петарда“ го распарчи Шефилд (ВИДЕО)

Англискиот вицепрвак Арсенал славеше со убедливи 5-0 против Шефилд јунајтед во Премиерлигата, а одличен настап имаше Еди Нкетиа кој постигна хет-трик.

Нкетиа постигна гол во 28. минута за водство од 1-0 на „топчиите“, по што на почетокот на вториот дел стрелаше уште двапати за да го комплетира хет-трикот.

„Топчиите“ до крајот на натпреварот искористија уште две од своите шанси, и тоа преку Виера и Томијасу за конечни 5-0.

Бормут оствари минимална победа против Барнли од 2-1 и избега од опасната зона во англискиот шампионат.