Најлошиот настап во уметничко лизгање во историја – Индиец доби нула! (ВИДЕО)

Во Осака пред некој ден се одржа јуниорско гран-при во уметничко лизгање и се случи момент за историја, Индиецот Самир Баџаџ (16) го имаше најлошиот настап за кој доби – нула.

Многумина се прашуваа како воопшто Баџаџ заврши на ваков настан, а Индија која нема професионални лизгачи, се решила да го испрати него зашто тренирал по два часа дневно.

За техничкиот настап Индиецот доби нула, а во другите категории собра неколку поени за вкупни и мизерни 5,51 поен, доволни само за последно 25-то место. Баџаџ така ги надмина своите сонародници кои досега ги држеа рекордите.

Пери Сроха во 2021 година во Краснојарск доби очајни 0,84 бода за техничкиот настап, а претходно Харшита Равтани само 1,6 бода.