Нурединоски ја има најбизарната одбрана во историјата! (ВИДЕО)
Во 84. минута од мечот при резултат 0-0, по еден волеј удар на противничкиот напаѓач, топката удри во стативата и се одби во голот, но Нурединоски со "кошаркарска" реакција спаси сигурен гол. Гостите се бунеа, велеа дека топката ја минала гол-линијата, но судијата не покажа на центарот. Во наредниот напад, Арис постигна гол за драгоцена победа во борбата за опстанок.
Кипарските медиуми одбраната на Нурединоски ја прогласија како една од најбизарните во историјата.