„Билд“: Баерн Минхен и Мане договориле прекин на соработката

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане ќе го напушти Баерн Минхен по само една сезона, а германски „Билд“ објави дека меѓу двете страни бил договор прекин на соработката.

Мане во Минхен стигна како големо засилување минатото лето, но имаше лоша сезона, а исто така и повреда поради која пропушти голем дел од натпреварите.

Искусниот напаѓач не беше во добри односи ниту со претходниот тренер Јулијан Нагелсман, а потоа се степа со Лирој Сане по што доби казна од пола милион евра.

Како можни дестинации за Мане се споменуваат ПСЖ, Ливерпул и Челси.