Лазаров: Со Манасков имавме едно непријатно искуство!

Македонската машка ракометна репрезентација се наоѓа пред заверка на пласманот за Европското првенство во 2024 година, но за тоа ќе треба да ги одработи последните два меча од квалификациите, со Луксембург на гости и дома со Турција. И на двата меча, како и во мартовските средби со Португалија, нема да игра Дејан Манасков.

Селекторот Кире Лазаров тогаш прокоментира дека „за никого не е затворена вратата, ако сака да игра за Македонија“, а сега само кратко прокоментира за отсуството на Манасков, споделувајќи дека имале некакво непријатно искуство.

„Со Манасков имавме непријатно искуство пред и за време на Светското првенство затоа решив да им дадам шанса на младите“, рече Лазаров.

Против Луксембург играме в среда, а со Турција идната недела.