Осасуна на чекор до финале во шпанскиот Куп (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осасуна со минимални 1-0 триумфираа во првиот меч против Атлетик Билбао во полуфиналето на шпанскиот Куп.

Натпреварот беше израмнет и двете екипи имаа шанси, но беше искористена само една, и тоа преку Абде Езалзули, кој во 47. минута погоди за водство и триумф на Осасуна.

Реваншот меѓу Атлетик Билбао и Осасуна се игра на 4 април.