И во 2023 година, навивачите на Лацио сѐ уште се служат со расистички навреди
Лацио со 2-1 загуби на гостувањето кај Лече, навивачите на римскиот клуб кои беа присутни на натпреварот направија проблем. Во текот на првото полувреме од мечот можеа да се слушнат расистички навреди врз фудбалерите на Лече, Ламек Банда и Самуел Умтити.
Судијата Ливио Маринели ги слушна и соопшти кај делегатот, а спикерот на мечот ги предупреди навивачите дека доколку продолжат со таквото скандирање, натпреварот ќе биде прекинат.
Банда беше заменет на полувремето, а Умтити кој беше видно потресен беше смируван од тренерот на Лече, Марко Барони. Кога фановите на Лацио го навредуваа Умтити, навивачите на Лече погласно од нив му даваа поддршка на својот фудбалер скандирајќи го неговото име.