Германците формираат работна група за спас на фудбалот и репрезентацијата

Фудаблскиот сојуз на Германија соопшти дека ќе формира работна група од неколку поранешни репрезентативци со цел да му се помогне на националниот тим кој беше елиминиран во групната фаза на Мундијалот во Катар.

Во работната група ќе бидат Карл-Хајнц Румените, Матијас Замер, Руди Фелер, Оливер Кан и Оливер Минцлаф, а нивна цел ќе биде да ѝ помогнат на репрезентацијата да се подготви за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Германија на Мундијалот го освои третото место во групата Е со четири бодови, откако ја победи Костарика со 4-2, одигра реми со Шпанија (1-1) и загуби од Јапонија со 1-2.