
Македонско оро се играше на НБА меч! (ВИДЕО)
Настап имаше Културно уметичкото друштво „Танец“, на Вечерта на македонското културно наследство, а членовите на оваа група се претставија со неколку ора.
Големо беше задоволството кај сите Македонци кога во Литл Кајзарс арената почнаа да ечат голем број македонски народни песни, меѓу кои и „Македонско девојче“, проследено со оро низ целиот терен.