![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/08/248073-duri-sega-kje-zbesnat-madridskite-glasila-somnitelen-penal-dosuden-protiv-real-video.jpg?itok=tQ6Nfrle)
Дури сега ќе збеснат мадридските гласила: Сомнителен пенал досуден против Реал (ВИДЕО)
Сепак, погодокот на аргентинскиот напаѓач не е најважна вест од ѕаа ситуација, туку пеналот што го досуди главниот арбитар Сото Градо. Чуамени во 32. минута ненамерно го згазна Лино, но откако топката веќе ги помина нив двајцата. Судијата прво одмавна со рацете, но од ВАР собата доби сигнализација дека треба да ја прегледа снимката бидејќи контакт постои.
Сото Градо ги послуша, го направи тоа и покажа на белата точка по што Атлетико дојде до водство. Пеналот доаѓа во период кога мадридските гласила, кои во најголем број го фаворизираат Реал, постојат протестираат за наводно лошото судење што го добива „кралскиот клуб“. Може само да се замисли што ќе се случува вечерва и утре, особено ако овој пенал се покаже како клучен момент од мечот.
Исто така, под лавина критики ќе биде Орелиен Чуамени кој уште еднаш е виновен за примен гол на Реал и покрај тоа што пеналот е во најмала рака сомнителен.