МЗТ лесно и убедливо го преслуша некогаш големиот ривал за трофеи!
Мечот беше неизвесен само во првите 15-тина минути, во кои кавадарчани делуваа како рамноправен ривал, но актуелниот првак пеколно ја затвори втората четвртина и за кратко време дојде до победничка предност. Сино-белите од Аеродром во последните минути пред одмор и во првите од второто полувреме направија серија 18-0 со која минималната негатива ја претворија во убедлива позицива (43-27), која лесно ја одржаа до самиот крај.
Дамјан Робев беше најефикасен во победничкиот тим со 17 поени додека Самит Јигитогли имаше дабл-дабл ефект со 16 поени и 13 скока. Јуре Планиниќ со 15 поени беше убедливо најдобар кај Еуро Никел.
Ова беше последен меч од осмото коло во Првата лига, по кое МЗТ Скопје е прв со скор 7-1 и тоа поради подобрата кош-разлика во однос на Гостивар и Пелистер, кои го имаат истиот учинок.