Чеферин: Се надевам дека веќе нема да се организира зимски Мундијал
Чеферин кажа дека очекува одлична организација од страна на Катар, но смета дека ваков Мундијал повеќе не треба да се одржува во иднина.
„Сигурен сум дека Мундијалот во Катар ќе биде фантастично организиран, но се надевам дека нема да има повеќе зимско Светско првенство. Нè чека спектакл и еден месец одличен фудбал, а верувам дека селекција од Европа повторно ќе го освои првенството, иако конкуренција се Бразил и Аргентина“, вели Чеферин.