Партизан со победа се враќа од Болоња, Олимпијакос пресилен за Париз

По поразот од Црвена звезда во претходното коло, Партизан им се врати на победите откако со 81-71 славеше на гостувањето кај Виртус Болоња, Париз и нашиот Шортс беа немоќни против лидерот Олимпијакос кој со 90-73 триумфираше во француската престолнина.

Виртус добро го почна мечот, првата четвртина ја доби со 23-17, но клучниот исчекор кон победата Партизан го направи во вториот период кој го доби со фантастични 27-13. Белградскиот тим го сврте резултатот, поведе и до крајот само ја одржа предноста за конечни 81-71.

Најдобар во составот на Партизан и воопшто на натпреварот беше Браун кој постигна 20 поени, Џонс имаше само поен помалку. Во составот на Виртус најефикасен беше Грузиецот Шенгелија.

Париз немаше никакви шанси со Олимпијакос кој уште во првата четвртина покажа дека го има овој дуел во својот џеб. Грчкиот тим првата четвртина ја доби со дури 30-15. До крајот не дозволи во да биде загрозен и победи со 90-73.

Македонскиот репрезентативец, Шортс реализираше 15 поени, поефикасен од него во составот на Париз беше Нифи. Најдобар на теренот беше Везенков од Олимпијакос со 23 поени.