Македонските футсалци уште еднаш загубија од Португалија

Македонската футсал репрезентација со убедливи 3-0 беше поразена на гостувањето кај Португалија, тоа беше трет пораз во четвртиот меч од квалификациите за Европското првенство 2026.

Вечерва се играше 4. коло во кое Македонија доживеа пораз од Португалија. Головите за Португалците ги постигнаа Невеш во 13. минута, А Коељо во 27. и Б. Коељо во 35. минута.

Македонија по четири кола има само еден бод, од ремито против Андора на домашен терен. Двапати загубивме од Португалија и еднаш од Холандија.