Реал Мадрид со гол во 93. минута се пласира во полуфинале од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 3-2 победи на гостувањето кај Леганес и се пласираше меѓу четирите најдобри во Купот на Шпанија, победничкиот гол го даде Гарсија во третата минута од судиското продолжение.

Кралскиот клуб имаше одличен почеток на мечот, Лука Модриќ во 18. минута донесе водство од 1-0, а седум минути подоцна погоди Ендрик за 2-0. 

Во тие моменти се чинеше дека нема дилема кој е победникот на овој дуел, но Леганес не се предаваше.

На сцена стапи Курз кој прво во 39. минута намали на 2-1, а по 15 минути игра во вториот дел израмни и на 2-2.

Кога се чинеше дека мечот ќе отиде во продолженија, 20-годишниот Гонзало Гарсија даде гол во 93. минута за победа на Реал Мадрид од 3-2.