Драма во Леверкузен, Баер се спаси од елиминација во Купот на Германија (ВИДЕО)
Келн поведе длабоко во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Доунс, а по девет минути игра во вториот дел Маина зголеми на 2-0 за гостите.
Патрик Шик во 61. минута намали на 2-1, а овој фудбалер погоди и во 96. минута за 2-2. Баер Леверузен се спаси од пораз во последните моменти од мечот.
Во продолженијата Бонифејс даде гол за комплетен пресврт и водство на Леверкузен од 3-2.
Во 112. минута Келн даде гол за 3-3, но погодокот на Родниќ беше поништен поради офсајд. Уште еден среќен момент за Леверкузен.