Клинсман: Бразил доаѓа во Катар да го освои СП и – ќе го освои!
Клинсман кој беше селектор на Германија, а потоа и на САД, во Катар доаѓа како стручен коментатор за „Би-Би-Си“ и во најавата веќе посочи дека на овој Мундијал гледа Јужноамерикански победник после две децении откако Бразил во 2002 година последен пат го крена пехарот.
„Секогаш е главно прашање пред СП кој ќе го освои пехарот, а овојпат како фаворити ги гледам Бразил и Аргентина, две селекции кои доаѓаат гладни за трофеи и после многу квалитетни настапи во квалификациите.
Лионел Меси е главната сила на Аргентина, има 35 години и знае дека мора да оди по својот прв светски трофеј. Бразил е квалитетен на секоја позиција, во изминатите години многу ги гледав и бев импресиониран. Доаѓаат во Катар да го освојат СП и – ќе го освојат“, вели Клинсман.