Мане ќе патува со Сенегал на СП, а дали ќе игра - никој не знае!
Мане се повреди во неделата, на 12 дена до првиот натпревар на Сенегал на Мундијалот. Извештаите за повредата беа различни, прво од Баерн рекоа дека не е сериозно, потоа дека станува збор за повреда на потколеницата, од која Мане знаел и порано да страда. Заклучокот со најголема веродостојност е дека тој можеби ќе биде подготвен да игра ако Сенегал се пласира во нок-аут фазата.
Точно е дека Мане е лидер на тимот и најголем адут на Алиу Сисе, но Сенегал располага со уште ѕвезди кои настапуваат во Европа. На списокот се најдоа капитенот Калиду Кулибали (Челси), Едуард Менди (Челси), Исмаила Сар (Вотфорд), Идриса Геј (Евертон), Бамба Диенг (Марсеј).
Првиот натпревар за Сенегал е на 21 ноември, со Холандија и потполно е сигурно дека Мане нема да игра на него. На 25 ноември е дуелот со домаќинот, Катар, а четири дена подоцна против Еквадор.
📋✅ 𝙇𝙞𝙨𝙩𝙚 𝙙𝙚𝙨 26 𝙡𝙞𝙤𝙣𝙨 retenus par le sélectionneur national Aliou Cissé pour disputer la Coupe du monde 2022. #FIFAWorldCup | #MankoWutiNdamli pic.twitter.com/EbwBPlpI7i
— FSF (@Fsfofficielle) November 11, 2022