Меси нема да остане во ПСЖ!
Каде Меси ќе ја продолжи кариерата останува мистерија, а три опции има Аргентинецот, првата да остане во ПСЖ откако ќе музаврши договорот на лето да потпише нов, да се врати во Барселона што го најавија новинар(к)и од Аргентина или да замине во Интер Мајами во МЛС-лигата, во клубот на Дејвид Бекам каде има отворена понуда.
„Ел Насионал“ ја објави веста дека Меси после завршување на договорот ќе си оди од ПСЖ само од една причина и тоа не е поврзана со фудбалот, туку со неговото семејство. Според информациите на шпанскиот весник, семејството на Меси не може да се прилагоди на животот во Париз и сака да замине на друга дестинација.
Претходно, мадридски медиуми објавија дека неизвесно е враќањето во Барселона, зашто Меси е лут на Жоан Лапорта и се чувствува предадено после неговото заминување ланското лето и не му кревал на телефон на претседателот на Каталонците, па како стојат работите САД веројатно ќе биде новата дестинација.
Сепак, последниот збор Меси ќе го има по Мундијалот, на кој е комплетно сконцентриран во обид да дојде до последниот трофеј кој му недостига, а ова СП е негово последно во кариерата.