Ремито на Јувентус и Фиорентина во сенка на скандалот со Влаховиќ (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Јувентус и Фиорентина (2-2) во 18. коло од Серија А го одбележа голем скандал, откако на стартот на мечот српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ доби навреди, по што судијата привремено ја прекина средбата.

„Старата дама“ до водство во дербито против Фиорентина стигна во 20. минута со голот на Турам, но потоа Кин во 38. минута израмни на 1-1 и резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме.

Турам беше стрелец и на вториот погодок за „бјанконерите“, кои успешно ја чуваа предноста до завршницата, по што Сотил ѝ обезбеди бод на Фиорентина.

Јувентус и Фиорентина се наоѓаат на делба на петтата позиција со по 32 освоени бодови.

Видеото може да се погледне ТУКА.