Вардар се раздели со корејскиот интернационалец Ким
Играч на Вардар повеќе не е корејскиот интернационалец Сеук Гјун Ким кој по една полусезона си заминува од Македонија. Денеска клубот објави дека е раскинат договорот со него, а Ким си оди од екипата со само шест настапи во Првата лига.
Интересно е тоа што на шесте натпревари на кои настапи Кореецот, Вардар доживеа пет порази, а ремизираше само против Гостивар во мечот во кој Ким играше 31 минута. Последен пат на теренот тој се најде на гостувањето кај Беса, во десеттото коло, одиграни на 20 октомври.