Фудбалерите на Гостивар добија рекордна премија за триумфот над Вардар

Гостивар е првата екипа која му го зеде скалпот на Вардар, не само во новава сезона, туку на последните 13 натпревари, сметајќи го и финишот на минатата, па за тоа фудбалерите беа богато наградени.

Раководството на клубот ќе издвои 20.000 евра како премија за фудбалерите за триумфот со 1-0 против ривалот кој дојди на гости во Мала Речица како лидер на табелата. 

Тоа е рекордена сума издвоена за награда на фудбалери од која било екипа во Втората фудбалска лига на Македонија и сигурно ќе претставува стимул за гостиварци да продолжат да се противат на Вардар и на Воска, кои се фаворити во преден план.

Токму Воска го искористи поразот на Вардар да го преземе водството, со 23 бода, еден повеќе од најтроферниот македонски клуб и два повеќе од Гостивар, кој е трет.