Испиша историја, а сега сака неговиот трофеј да стои на - „Олд Трафорд“!

Maнчестер јунајтед оваа сезона е далеку од било каква борба за титулата, но на „Олд Трафорд“ сепак добија понуда во својата колекција по подолго време да додат еден трофеј.

Имено, 17-годишниот Лук Литлер кој вчера стана најмладиот светски шампион во пикадо изрази желба освоениот трофеј да биде поставен на стадионот на Манчестер јунајтед, кој е негов омилен клуб.

„Ако ми дозволат, би сакал да биде поставен на „Олд Трафорд““, изјави Литлер кој полуфиналето кое се играше еден ден пред битката за трофејот го победи Стив Бунтинг, навивач на Ливерпул.

Литлер е роден во Варингтон, место кое се наоѓа некаде на средина меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, но од кога знае за себе тој е фан на „црвените ѓаволи“. Неодамна откри и дека во животот има голема желба да го запознае Кристијано Роналдо.