Македонија ЃП сериозно се подготвува да го задржи врвот, клубот закажа четири контроли во Анталија

Актуелниот лидер во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Македонија Ѓорче Петров ќе се подготвува во Анталија за вториот дел од сезоната.

Македонија Ѓорче Петров иако има солидни пет бода предност на врвот на табелата и е прв кандидат за враќање во ПМФЛ, не остава ништо на случајот. Раководството на клубот обезбеди сериозни подготовки за вториот дел од сезоната.

Главниот дел од подготовките ќе се одржат во Анталија, а таму Македонија Ѓорче Петров ќе одигра четири контролни средби.

Прво ќе се сретне со Волунтари од Романија, тој меч се игра на 28 јануари. На 1 февруари Македонија ЃП ќе ги одмери силите со МЗКС Арка Гдинија од Полска, два дена подоцна ќе игра со Кубан Краснодар од Русија, а следниот ден е последниот меч, дуел со Б тимот на Динамо Киев.